Претставата за тоа дека телата се составени од ситни неделиви честици потекнува уште од времето на старите грчки филозофи. Леукип, во петтиот век пред новата ера, ја застапувал идејата дека телата се составени од ситни неделиви честици.
Неговиот ученик Демокрит (460-370 година пред н.е) за ситните структурни честици од кои
се составени телата го вовел поимот атом што на грчки јазик значи неделив.
По застојот во развојот на научната мисла во средновековието, идејата за атомско-молекуларната структура на супстанциите се возобновува благодарение на работите на голем број научници, како на пример, Г.Галилеј, Р.Бојл, И.Њутн, М.В.Ломоносов, Геј-Лисак, Далтон, Авогадро, Менделеев, Болцман, и др. Веќе при крајот на деветнаесеттиот век атомско-молекуларната структура за градбата на супстанциите е општоприфатена во науката.
Најситната честица од една иста супстанција која ги има сите нејзини својства е молекулот. Молекулите кај различни супстанции се различни. Тие се составени од различен број истородни или разнородни атоми. Постојат супстанции чии молекули се составени од голем број атоми (макро-молекули).
Иако бројот на видовите различни атоми (елементи) е релативно мал и изнесува 107 од кои 88 се наоѓаат во природата а другите се добиени по вештачки пат во физичките лаборатории, бројот на различните молекули кои можат да се изградат од атомите изнесува повеќе стотици илјади.
Атомот е најситен дел од хемиски елемени кој ги има сите својства на елементом.
Денес знаеме, дека и атомите имаат своја структура. Тие се составени од јадро и електрони. Јадрото го сочинуваат позитивно наелектризираните протони и електрички неутралните неутрони кои со многу јаки сили (нуклеарни сили) и цврсто се држат во една целина. Електроните пак, се негативно наелектризирани честици коишто се движат околу јадрото. Да напоменеме дека количеството на позитивниот електричен полнеж на протонот е еднаков со негативниот електричен полнеж на електронот.
Атомите и молекулите имаат многу мала димензија. Молекулите на разни супстанции имаат различни димензии. Така, на пример, димензијата на водородниот атом изнесува околу 10-10m, додека пак, на некои макромолекули 10-7m.
Атомите и молекулите, исто така имаат мала маса. Затоа нивната маса не се мери со килограми, туку е воведена единицата унифицирана единица за атомска маса (u) која е дефинирана на следниот начин: Една унифицирана единица за атомска маса (u) е еднаква на 1/12 од масата на атомом на јаглерод 12. Масата на оваа единица изразена во килограми изнесува: 1u=1,66х10-27kg. Масите на молекулите и атомите на разни соединенија и елементи се определуваат со споредување на нивната маса со оваа маса.
Релативна атомска (молекулска) маса на даден елемент, односно соединение се нарекува односот на масата на атомот (молекулот) и масата на унифицираната единица за атомска маса. Таа е бездимензионална физичка величина (М,). Така, на пример, релативната атомска маса на кислородот изнесува 16, на азотот 14, на водородот 1, додека пак, нивните релативни молекуларни маси се 32, 28 и 2, соодветно.
Во реалните случаи кога се објаснува некоја појава во молекуларната физика не се разгледува одделна молекула туку голем број од тие честици. При тоа се користат статистички методи и појавата се објаснува како заеднички ефект од дејството на сите молекули. За квантитативно определување на бројот на честиците градители на супстанциите воведена е физичката величина - количество на супстанција (v). Единица за количество на супстанција е мол.
Мол е количество на супстанција што содржи онолку структурни елементи (молекули, атоми, или општо, микрочестици) колку што има атоми во 12 грама (0,012 kg) јаглерод 12. Еден мол од која било супстанција содржи еднаков број на микрочестици. Тој број се вика Авогадров број (NA). Тој изнесува: NA =6,023.1023mol-1. Според тоа, бројот на молови од некоја супстанција v е еднаков на:
Каде е бројот на молекули, е бројот на атоми, а е Авогадровата константа.
Моларната маса (М) е масата на еден мол од супстанцијата. Таа се изразува во kg/mol или g/mol. Ако масата на еден молекул е m0, тогаш важи:
Моларната маса на дадена супстанција е определена со релативната молекулска маса на таа супстанција искажана во грамови на мол. Така, на пример, за Н2О: М=18.