Сигурно сте забележале, кога чамец се движи наспроти разбранувана вода, фрекфенцијата со која брановите удираат на чамецот Ќe бuge noголeма отколку кora чaмeнoт мирува или се движи во насока на простирање на бранот. Или, кога звучниот извор се движи кон набљудувачот, а околината мирува, набљудувачот слуша поголема висина на тонот од таа што ја дава изворот. Во спротивен случај. кога звучниот извор се оддалечува, набљудувачот слуша помала висина на тонот. Овој ефект се забележува кога автомобил или локомотива кои даваат звучни сигнали поминуваат брзо покрај набљудувачот.

Допплеров ефект е промена на фреквенцијата на звукот при релативно движење на изворот во однос на приемникот.
Доплеровиот ефект е појава карактеристична за сите бранови движења бранови на водата, звучни и ултразвучни бранови, а исто така и при простирање на светлински, радиобранови и други електромагнетни бранови.
За да го објасниме овој ефект ќе претпоставиме дека звучниот извор О (сл.1) се движи со брзина v кон набљудувачот кој стои во точката А, а точките 1, 2, 3, 4... ја покажуваат положбата на звучниот извор O за еднакви временски интервали.

Кога звучниот извор е во положба 1, од него тргнува сферен бран во даден момент во вид на сфера чиј центар е точката 1 се проширил до точката А. Нешто подоцна, кога звучниот извор е во точката 2, тргнува друг бран кој до дадениот момент се проширил до А со помалата сфера чиј центар е точката 2 Потоа иде бранот од точката 3 итн. Притоа во насоката ОА брановата должина λ' на звучниот бран ќе биде помала од брановата должи на λ на бранот кога звучнiот извор не би се движел. Обратно, во насоката ОА брановата должина λ" ќе биде поголема од λ'.

Притоа треба да се потсетиме дека брановата должина λ и фреквенцијата f се поврзани со равенката. f = vz / λ, каде што vz е брзината на звукот.
Ако со и се означи брзината со која се движи звучниот извор кој има фреквенција, а со брзината на звукот, фреквенцијата што притоа ќе се регистрира е:
Знакот  "-" се однесува на состојбата кога звучниот извор се приближува, притоа приемникот ќе регистрира (набљудувачот слуша звук со поголема фрекфенција од фрекфенцијата f што ја дава звучниот извор Знакот "+" важи ако звучниот извор се оддалечува брзина и притоа се регистрира звук со помала фреквенција.
Во случај кога набљудувачот се движи брзина v, а звучниот извор мирува, фреквенцијата што се регистрира е:
знакот "+" важи кога приемникот на звук (набљудувачот) се приближува кон изворот, а "-" кога приемникот се оддалечува.


Исто така, кога брановите се одбиваат од подвижна препрека феквенцијата на рефлектираниот бран, поради Доплеровиот ефект, се променува и се разликува од фреквенцијата на упадниот бран. Кога упадниот и рефлектираниот бран ќе се доведат до интерференција, поради малата разлика во фреквенциите, се создава биење или звучни удари (види физика за II година). Оваа појава може да се искористи за определување на брзината на подвижни препреки (на пример брзината на еритроцитите во крвните садови и др.).

Оваа техника може да се користи кај сите видови бранови. На пример, ако ултразвучните бранови рефлектирани од крвните телца како подвижни препреки даваат информации за брзината на крвта во крвните садови. Со помош на оваа техника може да се регистрираат и промените на градниот кош при дишењето, потоа пулсирањето на срцето на плодот во мајката.

Бидејќи равенките (1) и (2) важат за било какви бранови, поместувањето на брановата должина на некоја позната спектрална линија може да се искористи за да се определи брзината на движење на некоја ѕвезда или галаксија во однос на Земјата. Светлината што доаѓа од ѕвезда која се оддалечува од Земјата има Фреквенција пониска од светлината емитувана од атомите на истиот елемент кога тие мируваат. Се вели спектралните линии на светлината од таа ѕвезда се поместени кон црвеното.
Така црвеното поместување за подалечните галаксии од нас е поголемо. Поголем број од ѕвездите имаат црвено поместување. Од тоа се заклучува дека поголем број од ѕвездите се оддалечуваат од нас, те. космосот се шири.

На принципот на Доплеров ефект полициските радари при контрола на сообраќајот ја определуваат брзината на возилата.
Специјален случај на доплеров ефект е "пробивањето на звучната бариера". За објаснување на овој ефект неопходно е да се претпостави дека од секоја точка, низ која поминува изворот на звук, се простира елементарен бран. Кога изворот на звук (на пример авионот) се движи со брзина еднаква на брзината на ширење на звукот, звучните бранови се трупаат пред него создавајќи рамен бран, кој се простира во насока нормална на движењето на изворот (сл.3).

Ако брзината на авионот v стане поголема од таа на звучните бранови и (v> и), пред челото на авионот тој бран секогаш е точкест. Зад авионот радиусите на фронтот на елементарните бранови растат со брзината на звукот и. Фронтот на тие бранови е во вид на конус (сл.4). Односно, зад изворот се создава ударен бран во вид на конус.

Тој се простира кон површината на Земјата со брзината на авионот ѵ. Ако авионот лета ниско, во моментот кога фронтот на бранот ќе ја достигне површината на Земјата, се слуша тресок познат како "пробивање на звучната бариера".

Аголот меѓу фронтот на бранот и оската на конусот (a) е познат како агол на Мах sin Q=u/ѵ. При ударните бранови се јавува дополнителен притисок од кој може да се скршат и прозорците на зградите. Ударниот бран се зголемува со зголемувањето на бројот на Мах, кој е зададен со M=v/u. Ако М=1 значи авионот се движи со брзина 330 ms1; М=2 брзината на авионот е двапати поголема од брзината на звукот.