Да се потсешиме. Реалните течности при движење, за разлика од идеалните, како последица од молекуларното дејството во слоевите од течноста, покажуваат сили на внатрешно триење или сили на вискозно триење.

При течење на било која реална течност нејзините одделни слоеви си дејствуваат еден на друг со сили тангенцијални на слоевите, а насочени спротивно од насоката на движењето. Како резултат на тоа, при ламинарно (слоесто) течење на една реална течност, слоевите на течноста се движат со различна брзина.

Да го разгледаме течењето на реална течност по хоризонтална неподвижна подлога (сл.1). Условно, течноста може да се претстави во вид на тенки слоеви, така што под дејство на тангенцијалното напрегање, течењето се состои од меѓусебно лизгање на слоевите. За движење на горната плоча со константна
брзина PV0 неопходно е во истата насока да дејствува некоја константна сила pF. Притоа, слоевите си дејствуваат еден на друг и се поместуваат со различни брзини, кои се зголемуваат со оддалеченоста од слојот прилепен за фиксната подлога. Максимална брзина PV0 ќе има слојот кој е во непосреден допир со слојот кој е прилепен за горната подвижна плоча, односно  PV1<PV2<PV3<....PV0 Притоа, секој побрз слој го повлекува со себе соодветниот побавен, а истовремено тој го кочи побрзиот слој, т.е. се спротивставува на повлекувањето од побрзиот слој.

Силата на внатрешно триење, која се јавува меѓу два слоја, е резултат на меѓусебна измена на импулсите на молекулите што припаѓаат на слоевите со различна брзина. Експериментално е покажано дека оваа сила се потчинува на Њутновиот закон за вискозно протекување, кој гласи:

каде што A е плоштината на допирната површина на секој одделен слој, и е коефициент на внатрешно триење динамичка вискозност или само вискозност, dv е разлика во брзи- ната на движење на два слоја од течноста на растојание dx, dx/dv е градиент на брзинаtа. Знакот минус покажува дека силата на триење е насочена спротивно на брзината на слоевите. Единицата за вискозност (динамичка вискозност) во SI e 1Pa s (паскалсекунда).
Динамичката вискозност e карактеристика на течноста исто како што е и модулот на еластичност на тврдите тела.

Со порастот на температурата, вискозноста на водата и нискомолекуларните соединенија се намалува. Кај повеќето течности (вода, нискомолекуларни органски соединенија и др) вискозноста зависи само од природата на течноста и температурата. Кај нив брзината на протекување со градиентот на притисокот линеарно се менува. Таквите течности се викаат њутновски течности

Кај течностите, како што се високомолекуларните органски раствори (раствори на полимери) или дисперзни системи (суспензии или емулзии), вискозноста зависи од режимот на течењето брзината и градиентот на притисокот. При нивно зголемување вискозноста се намалува, што е резултат од нарушувањето на внатрешната структура на потокот на течноста. Таквите течности ги викаме структурно зависни или нењутновски течности.

Вискозност на крвта. Крвта се состои од крвна плазма, во која се суспендирани крвни клетки. Количеството на крвните клетки ја менува вискозноста на крвната плазмата.
Експериментално е покажано дека вискозноста на крвта не расте линеарно со порастот на хематокритот (сл.2). Хематокрит претставува (процентуален) сооднос меѓу волуменот на суспендираните крвни клетки (главно еритроцитите) и целиот волумен на крвта. Кај здрав човек хематокритот е меѓу 40% и 48%.

Карактеристична особина на крвта што се движи е тоа што вредноста на вискозноста по оската на крвниот сад и во близина на неговите ѕидови битно се разликува. Тоа е резултат на тоа што крвните клетки се концентрираат и се движат по оската на крвниот сад. Крвта припаѓа на течностите кои имаат аномална вискозност, односно на нењутновските течности.

Вискозноста на крвта зависи, пред сè, од бројот и својствата на крвните клетки, особено од еритроцитите, воедно зависи и од количеството на некои неоргански и органски супстанции (натриум хлорид, серумски албумини и глобулини).
Вискозноста на крвта значително се зголемува кога расте концентрацијата на СО2, затоа што се зголемува волуменот на еритроцитите, што води кон зголемување и на вредноста на хематокритот. Кислородот ја намалува вискозноста на крвта, па затоа венската крв има поголема вискозност од артериската.

Најголем број дисперзни и колоидни системи се нењутновите течности. Многу биолошки течности (крв, лимфа, дигестивни сокови итн.) претставуваат дисперзни средини. Кај нив со зголемување на температурата вискозноста се намалува.

ХЕСОВ КЛИНИЧКИ ВИСКОЗИМЕТАР. - Овој вискозиметар се состои од две капиларни цевки поставени хоризонтално, а на едниот крај се споени со стаклен дел во вид на U буквата. Едната цевка е потопена во дестилирана вода, а другата во испитуваната биолошка течност. Капиларите продолжуваат во две проширени стаклени цевки (А и Б) на кои има градуирани скали (сл.2).

Мерењата со Хесовиот вискозиметар се прават на следниот начин: прво со пумпа или гумена топка се намалува воздушниот притисок во вискозиметарот, и двете течности се вовлекуваат во капиларните цевки. Бидејќи водата има помала вискозност, во капиларата ќе се вовлече поголем столб на течност во споредба со крвта. Затоа, при работа со Хесовиот вискозиметар постапува следниот начин. Најпрво при отворена положба на вентилот В низ гуменото црево Ц, истовремено се врши вшмукување на двете течности, сè додека водата не стигне до нултиот поделок на соодветната скала, а за да се овозможи и биолошката течност (најчесто крвта) да стигне до нулата од другата скала, се затвора вентилот В и се продолжува со вовлекувањето.
Кога тоа е постигнато, се отвора вентилот и се врши истовремено вшмукување на двете течности. Сега тие тргнуваат од иста ознака. Вшмукувањето трае сè дотогаш додека испитуваната течност не дојде до поделокот означен со 1 од соодветната скала. Во тој момент повторно се затвора вентилот В и се отчитува вредноста на поделокот до кој стигнала водата. Вредноста на тој поделок ја покажува релативната вискозност на испитуваната течност во однос на водата.